Лидерска на стартот на следната недела?

0
516

Следната недела лидерската четворка се враќа на преговарачката маса во обид за спас на договорот од Пржино.

Партиски извори брифираат дека датумот на изборите и форматот на Владата што ќе треба да ги организира изборите ќе бидат главни теми на преговарачката маса.

Пред средбата, на пониско ниво партиите треба да постигнат начален договор или рамка за прочистувањето на Избирачкиот список, како и за реформите во медиумите.