Лидерска средба за ДИК и медиумите

0
373

Заглавеното и неспроведеното од Пржинскиот договор денеска треба да се најде на маса пред лидерската четворка. Груевски, Заев, Тачи и Ахмети, потпомогнати од евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте ќе се обидат да дадат дополнитен импулс, за до 24 април да се исполни основиот услов за избори – терен за фер борба.

Комплетирањето на Државната изборна комисија, Законот за медиуми, Агенцијата и Македонската радио телевизија, оставката на Груевски, избирачкиот список. За сето ова лидерската четворка денеска ќе се обиде да се договори. Лидерската четворка според информации ќе се обиде да се договори и за методологијата со која ќе се чисти избирачкиот спиок, како и да се утврди терминот за оставката на Груевски.