Лидерската четворка одлучува за изборите

0
297

Лидерите на четирите политички партии, кои се потписници на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници денеска во 13.30 часот ќе одржат средба на која треба да констатираат дали се исполнети условите за одржување на фер избори.

Ад-хок телото за мониторинг на медиумите засега е најзвучното прашање кое и понатаму е нерешено од Пржино, но четворицата членови во тоа тело пред средбата на лидерите, ќе одржат состанок каде се очекува да постигнат консензус за петтиот член.

Одлуката може да ја олесни тоа што вчера еден од двајцата кандидати кои влегоа во најтесниот избор, Даут Даути, ја повлече својата кандидатура.

Како посредници во постигнувањето на пржинскиот договор на денешната средба ќе присуствуваат и претставници на меѓународната заедница, односно американскиот амбасадор Џес Бејли и висок претставник од делегацијата на ЕУ, бидејќи наследникот на амбасадорот Аиво Орав, Самуел Жбогар, се уште не е дојден во земјава.

Ако лидерите се согласат дека има услови за избори во декември, СДСМ треба да го соопшти и името на уредникот на информативната програма на МТВ, за кој вчера се шпекулираше дека ќе биде новинарката Санта Аргирова.

Без коментари

LEAVE A REPLY