Лидерската откажана

0
274

Денеска нема да има лидерска средба, кусо одговори на прашањето на новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети по разговорите со американскиот конгресмен Елиот Енгел и амбасадорот на САД Џес Бејли и претставници на албанско-американската заедница.

Од ДУИ брифираат дека лидерската средба се одложи затоа што лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев се уште не можат да се договорат за местата во преодната влада кои би ги водела опозицијата или би имала супервизија, а дека останатите работи се содржани во извештаите и препораките од Брисел како и во акцискиот план на владата и не се спорни. Во ДУИ нагласуваат дека со американските дипломати денеска било разговарано како брзо да се разреши политичката криза, доследно да се спроведува Охридскиот договор, и да се деблокираат евроатланските процеси, што пак значи дека се разговара и за можностите да се реши и прашањето за името.