Лидерската средба заврши без договор

0
133

Час и половина на заедничка маса, лидерската четворка, заедно со амбасадорскиот двоец Бејли и Орав, се согласија, барем според официјалните ставови дека преговорите нема да прекинат и дека се уште ќе се договараат. Изјави никој не даде, најавија партиски соопштенија кои се идентични, а според текстот и усогласени на средбата.

– Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни.
Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат.
Единствено лидерот на СДСМ неформално пред камерите порача дека одлуката била напорите за компромис да продложат.
Дипломастки извори брифираат дека договорено е средбите меѓу лидерската четворка да продолжат, а дека на денешното седнување на маса е направено незначително поместување кое би го одржало процесот во живот. На денешната лидерска и претстоеја интензивни консултции во текот на вчерашниот и денешниот ден, на амбасадорскиот двоец, Бејли, Орав и експертот од ЕК Питер Ванхоут со лидерите на партиите и нвните преговарачи.