Линдзи Вон и Тајгер Вудс веќе не се заедно

0
236

Најдобриот играч на голф Тајгер Вудс и скијачката Линдзи Вон ја прекинале својата тригодишна врска, а двајцата раскинот истовремено ги објавија во неделата преку социјалните мрежи.

Врската на двете американски спортски мегаѕвезди изгледаше идеална на почетокот од годината, Вон го следеше Вуд на сите поважни голф турнири, а Тајгер често можеше да се види во публиката крај скијачките терени. Во февруари, дури, се појави веста дека набрзо ќе следува венчавка, меѓутоа на почетокот од мај е објавен крајот на нивната врска.

„Тајгер и јас заеднички одлучивме дека веќе не сме заедно, бидејќи нашите кариери спречуваат да минуваме повеќе време заедно. Секогаш со восхит во срцето ќе го чувам Тајгер и неговиот однос кон семејството“, објави Вон на својата фејсбук страница.