Лисицки постави нов светски рекорд по број на асови

0
169

Германската тенисерка Сабине Лисицки постави нов светски рекорд по број на са удари на еден натпревар, откако отсервира дури 27 асови во Бирмингем против Белинда Бенчиќ.

„Убаво е да се постави уште еден рекорд. Сервисот е идеално оружје за трева, а јас ја обожувам оваа подлога“, изјави Лисицки.

Германката исто така го држи и рекордот во женскиот тенис во најбрз сервис. На мечот проитв Ана Ивановиќ минатата година во Стенфорд топката по нејзиниот сервис достигна брзина од 120,8 km/h.

Лисицки во својата кариера има освоено четири титули, а играше и во финалето на Вимблдон во 2013 година.