Листа на помилувани од Иванов, меѓу нив и градоначалникот на Битола

0
1604

По вчерашната одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, денеска во „Службен весник“ беа објавени повеќе имиња за кои е потпишано помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапката. Еве дел од листата, каде се и функционери, екс премиери, моментални и поранешни директори, началници, бизнисмени, обвинители… :

Бивш премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски;

Ексдиректорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков;

Бившата министерка за полиција Гордана Јанкуловска;

Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески;

Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер;

Вработен во обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко;

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев;

Ексразузнавачот Зоран Верушевски;

Сопругата на Верушевски, Соња;

Службеникот од Општина Струмица Бранко Палифров;

Бившиот премиер и претседател, Бранко Црвенковски;

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски;

Секретарот на Владата, Кирил Божиновски;

Началникот на петтата управа на МВР, Горан Грујоски;

Бизнисменот и директор на „Дајнерс“, Божидар Јанковски (Бобо – Дајнерс);

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Љупчо Тодоровски-Радникот;

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи;

Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими;

Специјалните јавни обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубески;

Директори на компании што се јавуваат како сопственици на неколку медиуми блиски до власта, Христијан Панев, Коста Крпач, Владислав Стајковиќ;

Претседател на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева;

Државјанинот на Израел споменат во „бомбите“ за провизии при купување опрема од еврејската држава, Хаик Хакијни;

Директорот во Телеком, Жарко Луковски;

Главен директор за техника и ИТ на Телеком, Мирослав Јовановиќ;

Судијка во Вишиот управен суд што се споменува во една од „бомбите“, Светлана Костова;

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски;

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски;

Бившиот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ;

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески;

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски;

Вработен во полициската станица „Бе-Ко“, Мунир Пепиќ (во „бомбите“ споменат како „Пепиќ – оној што ни ги прави личните карти“)

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко;

Претседател на изборна комисија Центар, осомничен во „Титаник“,  Коста Митровски;

Член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата Титаник, Исмет Гури;

Инаку, Иванов во својата одлука за помилување неколку функционери амнестирал пред спроведување на постапка и по повеќе пати. Пример, Јанакиески е рекордер и бил помилуван 16 пати, а веднаш зад него е Јанкуловска за која Иванов потпишал дури 11 помилувања. Иванов го помилувал Мијалков 6 пати, Протуѓер и Груевски по 5 пати, 3 помилувања за Грујоски, по две за Заев, Верушевски и Мишева…

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY