Литературно читање и семинар за германски јазик

0
351

Ова се двата настани кои ги организираше Австриската Амбасада во Скопје, НУУБ Св. Климент Охридски и Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола.
Пред присустните се престави австриската авторка од Виена  Штефани Заргнагел, добитник на наградата Ингеборг Бахман 2016 г.
Во поздравните обраќања се зборуваше за  манифестацијата „Денови на германско-јазичната литература“ која секоја година се органиизра во Клагенфурт и оваа година по 40. пат, а на истата се доделува наградата Ингеборг Бахман.

dsc_0010
Младата авторка ги воодушеви присутните, за што беше наградена со силен аплауз, цвеќе и книга за Битола како спомен на ова гостување. На авторката и беше предложено дел од прочитаните текстови да се преведат на македонски јазик. Таа рече дека и се допаднала публикатаи дека ќе продолжи да твори иако студирала нешто сосема др. сликарство, а не книжевност и дека планира да издаде наскоро нова книга.
Семинарот за професори по германски јазик „Австриски денови 2016“ во организација на Министерството за образование и на Република Австрија, Австриската служба за академска размена и Австриската Амбасада во Скопје, Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола и НУУБ Св. Климент Охридски Битола се оддржа со предавачот од Виена Австрија, м-р Ирис Хоенедер.
На семинарот учествуваа 30 професори по германски јазик од Битола, Прилеп и Скопје. Работеа на  темата „Спортот во Австрија“ и „Литературата во Австрија“.
Почесниот конзул на Република Австрија во Македонија д-р Валентина Илиева која  воедно е и раководител на Австриската библиотека во Битола, единствена од ваков вид во Република Македонија ја презентира веб страната на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола и начинот како се пребарува преку Cobiss ситемот од дома и како се резервира и изнајмува книга од Австриската библиотека од Битола.
Секој учесник се стекна со австриски сертификат за учество на семинарот.