Литванија го слави Мациулис, Франција со мака ја „потопи„ Русија

0
1601

Во четирите мечеви играни во вечерниот термин се радуваа Литванија и Хрватска со многу мака, Шпанија на рутина и квалитет и Франција на „мускули„ во мечот со некогашниот „џин„ Русија. Хрватите со малку потценување влегоа во мечот со аутсајдерот Холандија и во 12 минута „лалињата„ имаа 23:14, дури и со изненадувачки шут за три поени. Со четири тројки во вториот период, кошаркарите на Холандија имаа високи 34:22 во 15 минута. Но само за 5 минути „коцкестите“ се вратија и со забивањето на Богдановиќ поведоа со 35:37. Цел трет период мина со офанзивна кошарка и многу невнимателни одбрани. По тројката на Шафтенар во 34 минута, Холандија се доближи до 62:64. Но подобрата и поискусна Хрватска, со Анте Томиќ како протагонист не дозволи драма и победи со 72:78. Во балтичката група во Рига, Естонија ја искористи променливоста на составот на Литванија и водеше 38 минути. Но во финишот жолто-зелените се вратија од 62:58 и со поените на Мациулис на 2 секунди крајот славеа со 62:64. Пау Гасол повторно беше најзалужен што шпанската репрезентација, се издигна по поразите. Звездата на Чикаго Булс постигна 21 поен, а го имаше за партнер и одличниот Никола Миротиќ со 22 поени, во победата против Исланд од 26 разлика. Најдраматичниот меч во вечерната сесија се одигра во Монпеље, каде Русија подобро влезе во мечот со Паркер и другарите. Но од почетокот на вториот период, па до самиот крај се играше многу израмнето. Во последните 2-3 минути, изненадување Гоберт, на асистенции на Паркер, погоди два коша во серија за финална победа од највисоки +7 за „галските петли„.

 

Русија – Франција 67:74 (24:16, 12:18, 16:19, 15:21)

Фридсон 20, Антонов 13 (Русија)  – Де Коло 13, Паркер 12, Гоберт 12 (Франција)

Исланд – Шпанија 73:99 (16:20, 20:21, 19:33, 18:25)

Стефансон 17, Палсон 14 (Исланд) – Миротиќ 22, Гасол 21, Родригез 13, Рејес 11 (Шпанија)

Холандија – Хрватска 72:78 (18:14, 17:25, 18:23, 19:16)

Шафтенар 19, Н. Де Јонг 12 (Холандија) – Симон 18, Шариќ 15, Томиќ 13, Богдановиќ 13 (Хрватска)

Естонија – Литванија 62:64 (15:20, 16:18, 20:11, 11:15)

Талтс 20, Вајдеман 10 (Естонија) – Мациулис 15, Кавалиаускас 14, (Литванија)