„Live Band“ ја претставуваат „Туѓина била маќеа“

0
432

„Live Band“ (Лајв бенд), деновиве ја промовираат својата прва песна, заедно со првиот спот.

Песната е со наслов „Туѓина била маќеа“, а истата е со карактеристичен македонски стил кој групата го негува од самото свое формирање.

Live Band од Скопје е музичка група составена од шест члена, која постои веќе три ипол години на македонската естрада. Најчесто публиката може да ги види на свадбените прослави, но секако и на многу други музички манифестации .

Бендот негува македонска изворна музика и во составот ги има едни од најубавите изворни инструменти како зурлата, кавалот и тапанот.