Локализиран пожарот во Кичевско

0
427
По 30 часовна борба со огнената стихија, локализиран е пожарот во Кичевско, кој избувна завчера во доцните претпладневни часови.

– Пожарот кој  избувна кај селата Цер, Црско и Прострање е ставен под контрола и оневозможено е негово понатамошно ширење. Два авиони цистерни од Дирекцијата за заштита и спасување, во текот на денот во осум наврати интервенираа врз жариштетето на пожарот, додека во текот на вчерашниот ден со еден авион од ДЗС се интервенира врз опожарените површини. Иако пожарот е локализиран, екипи од ШС„ Лопушник“ уште се на самото место и таму ќе останат, се додека не се отстрани и најмалата опасност од реактивирање на пожарот – рече Драгољуб Попоски од ПО на Дирекцијата за заштита и спасување на Р.М.

Без коментари

LEAVE A REPLY