Локални избори во Косово

0
220

1,9 милиони граѓани во Косово денеска гласаат на локални избори.

Гласачките места се отворени ширум Косово во седум часаот.

Во петокот на полноќ стапи на сила изборниот молк, со што се заврши кампањата која траеше месец дена, а во текот на својата програма се преставувале нешто повеќе од 200 кандидати.

Косовската полиција направила посебен оперативен план за изборите.  На северот на Косово во текот на изборниот ден ќе бидат ангажирани околу 400 полицајци.

Изборите ги следат повеќе од 30 000 набљудувачи.