Локалните избори ќе се распишат до 6 август

0
376

Пратениците во Собранието на Македонија ќе бидат на одмор од 8 до 25 август, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, кој даде отчет за сработеното на Парламентот во првите 100 дена.

Според него, се очекува на 31 јули или на 1 август да биде закажана седницата за ребаланс на Буџетот, која според Деловникот треба да трае 5 работни дена, по што пратениците ќе се распуштат.

Џафери очекува да ги распише Локалните избори на 6 август, а тие би се одржале на 15 октомври оваа година.

Продолжениетo на седницата за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата републички јавен обвинител, ќе продолжи утре, најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Без коментари