Локум фест ја оживеа старата битолска чаршија

0
524

– Водени од идејата за зачувување на културното наследство и традицијата, развој на културниот туризам и заживување на малите бизниси, претприемништвото, го зедовме обичајот на локумот и кафе, како препознатлив синоним на заедничкото живеење, средба, на различните култури и етноси на овие простори, во минатото, обичај со комшијата и добронамерникот да се испие кафе со локум -истакнаа организаторите ,Центарот за културна деконтаминација, на отварањето на 10-тото јубилејно издание на Локум фест.

Ова издание на фестивалот започна со изложбата на ракотворби, на здружението на ракотворци на Македонија, кои од 2007 -та година се рамноправен партнер на фестивалот, а потоа следуваше загревање со староградска музика со групата Прва севда.
Потоа следуваше главниот настан, настапот на словенечката група Етно трип.

Во 2007 та година, е создаден Локум фест како потсетник на традициите и славното минато.
Во изминатите 10 изданија на Локум фест настапиле над 45 групи и ансамбли од Македонија и други земји од светот.
Повеќе изложби на ракотворби, фотографии, предмети биле и се дел од фестивалот .
И оваа година по 10 ти пат, Локум фест ја оживеа традицијата на конзулска Битола, духот на еснафлукот, добрата музика и локумот.