Локум фест посветен на македонската чалгија

0
268

Водени од идејата за зачувување на културното наследство и традицијата, за развој на културниот туризам, во 2007 година се создаде Локум фест.
Оваа година го доживува своето 9 -то издание и е во рамите на битолското културно лето.

Специјален гостин оваа година е Виолета Томовска која ќе настапи на 25 -ти јули.

9- тото издание се карактеризира по тоа што акцентот е ставен на македонската чалгија.
Обичајот на локум и кафе, е препознатлив синоним на заедничкото живеење на различните култури на овие простори во минатото.
Локум фест оваа година се одржува на 24 ти и 25 ти јули.