Локум фест во старата чаршија

0
3008

Битола синоќа беше домаќин на „Локум фест“, манифестацијата на која во Старата битолска чаршија се јадеше локум,  се пиеше кафе и се слушаше музика.

lokum 2

Настапија „Етно трип“ од Словенија и групата „Прва севда“ од Македонија.

lokum 1

„Фестивалот  е препознатлив синоним на заедничкото живеење на различните култури во конзулска Битола и оној стар обичај со комшијата и добронамерникот да се испие заедничко кафе со локум. Уште еднаш битолската чаршија  блесна во целиот сјај и  се потсети на традицијата и обичаите“ вели Тоше Ивановски, организатор на Фестивалот.