Лондон го доби првиот градоначалник муслиман

0
561

Лабуристичката партија објави дека нивниот кандидат Садик Кан победи на изборите за градоначалник на Лондон, со што станува првиот муслиман на чело на британската престолнина.

„Му честитаме на Садик Кан. Нестрплив сум да работам со тебе за Лондон да стане град еднаков за сите“, напиша лидерот на лабуристите Џереми Корбин додека сѐ уште се чекаа официјалните резултати од изборите спроведени во четвртокот.

Синот на возач на автобус така станува првиот муслимански градоначалник на Лондон откако доби повеќе гласови од кандидатот на конзервативците кои во кампањата се обидоа да го поврзат со исламистичките екстремисти, пишува Ројтерс.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио исто така му ја честиташе победата на Кан иако сѐ уште се чека официјална потврда на резултатите.

Доколку победата на Кан биде потврдена, тоа ќе биде неопислив удар врз екстремистите и тероризмот, кои веќе подолго време градат антизападен наратив, пишува Гардијан.

Доколку милиони граѓани изберат муслиман за градоначалник во една од највлијателните метрополи во светот, како екстремистите можат да ја продолжат приказната дека за муслиманите нема иднина во Европа и дека луѓето од Западот ги мразат?

Оваа изборна победа би можела да направи повеќе против радикализацијата отоколку која било владина стратегија, заклучува Гардијан.

www.mkd.mk