Лондончани на масовен протест против Брегзит

0
328

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон на протестен марш против излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Се упатија кон парламентот, а со себе носеа европското знаме и плакати со пароли како „ЕУ и јас засекогаш”. Следното лето може да се одржи референдум за независност на Шкотска од Велика Британија, прогнозира пред Џон Мекдоналд, кој го  предводи шкотскиот глобален форум. Според него, ЕУ сака да вклучи максимално многу земји и евентуалната независност на Шкотска веројатно би ја отворила вратата за членство.

„Јас самиот не сум експерт за Европска унија, но ми се чини дека таа сака да има што повеќе земји – членки. Освен тоа политиките кои се применуваат во Шкотска – пример за обновлива енергија, се многу блиски до она што европските политичари сакаат да го реализираат. Сега Европската унија вели дека не сака да преговара со Шкотска, бидејќи не сме самостојна држава, но унијата се менува и пројавува флексибилност за ситуацијата “- рече Мекдоналд.

Британија придонесуваше прилично во буџетот на Европската унија и излегувањето сигурно ќе доведе до намалување на трошоците во  европската каса.