Лондонската полиција уапси уште две лица во врска со нападот

0
362

Уште две лица се уапсени во Лондон, поради осомниченост за поврзаност со терористичкиот напад во британскиот главен град, соопшти денеска полицијата.

– Во текот на ноќта извршивме уште две важни апсења, изјави командатот на антитерористичките сили, Марк Раули.

Тој потврди дека една жена е ослободена, а во притвор се девет лица.

Раули изјави дека Халид Масуд, кој во средата прегази три лица на Вестминистерскиот мост и уби со нож полицаец пред зградата на британскиот Парламент, кој потоа беше убиен од полицијата, е роден како Едријен Расел.