Лош викенд на Иџе на „Словакиа ринг“

0
835

Македонскиот возач во ФИА ЕТЦЦ шампионатот Игор Стефановси – Иџе, не може да биде задоволен од својот севкупен настап на последните две трки во Словачка, од се враќа со освоени само два бода.

Стефановски лошо го започна викендот во Словачка, па на вчерашните квалификации откажа неговиот волан па мораше да го замени, на денешната прва трка заврши како седми, но имаше мал судир со Србинот Младен Лаушевиќ. Малерот продолжи во втората трка каде возеше само три круга бидејќи во првиот круг имаше посериозен судир со Норберт Наѓ.

По трките кои беа одржани денес на „Словакиа ринг“ Стефановси во генералниот пласман во ЕТЦЦ шампионатот засега има освоено четири бода, но продолжува понатаму со новите предизвици во оваа дебитантска сезона за него во ова натпреварување.

Без коментари

LEAVE A REPLY