Лото скандал ја потресе Србија

0
781

Иако како четврта бројка извлечен е бројот 27 на графиконот на екранот се впишува бројот 21. Овој број потоа наспроти малата математичка веројатност навистина е петто лото-топче. Ова е главниот момент кој го предизвика големиот лото скандал во Србија. И збунетата водителка не знаеше што точно се случува.

Јавното обвинителство во Белград достави барање до Министерството за внатрешни работи за собирање на информации со кои би се утврдиле сите факти и евентуалната кривична одговорност со извлекувањето на играта на среќа „Лото“.

 Државната лотарија на Србија тврди дека станува збор за техничка грешка на операторот која бргу се корегирала. И дека не постојат други елементи со кои би се довела под знак прашање регуларноста на извлекувањето.

Без коментари

LEAVE A REPLY