Ловечката куќа на Пелистер ќе стане Широка

0
1672

Стара ловечка куќа, оставена во заборав на времето, група на ентузијасти од Битола и Пелистер со локална помош ја реновираат и опремуваат истата во планинарски дом.

12648003_10207791507959688_1778025675_n

Планинарскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато” заедно со битолскиот фрирајд ешалон SSNL (Ski and snowboard No limits) се во процес на реновирање на познатата ловечка куќарка која се наоѓа во пазувите на врвот Пелистер. Таа се наоѓа на 1950 метри надморска височина, а досега беше во очајна состојба и служеше само времено за берачите од боровинки.

12650373_10207791508919712_123715717_n

 

Досега саниран е покривот и ѕидовите, а е планирано истата да биде опремена со кревети и мебел, вода за пиење и огревни дрва со што ќе прерасне во планинарски дом.

12647933_10207791509319722_394531637_n