Љубанци отвори со пет гола, реми на дербито во Прилеп

0
1228

Новиот второлигаш Љубанци го испрати тимот на Еуромилк со пет „парчиња“ во неговата мрежа. Серијата на голови во 5 минута ја отвори Роберт Митев,а потоа во 16 ја продолжи Филип Колеќески, за во 30 Дарко Лазаревски да го постави конечниот резултат по првиот дел. Како и што се очекуваше фудбалерите на Еуромилк немаа никаква желба за играње фудбал. Згора на се Арсим Љамалари во 5 и Сашко Ристов во 28 минута, поради црвени картони, мораа предвреме да заминат во соблекувалната. Теодор Фидановски со погодоците во 58 и 82 минута го постави конечниот резултат 5:0.

Љубанци – Еуромилк 5:0
Кожуф – Македонија Ѓ. П. 0:1
Победа – Тетекс 1:1
Гостивар – Скопје 0:0

Недела – 16.08.2015 (17:30)
Влазерими – Пелистер

Без коментари

LEAVE A REPLY