Љубљана најавува затвoрање на границата за бегалците

0
293

Љубљана е подготвена да ги следи Германија и Австрија и да воведе рестрикции за мигрантите. Ако Австрија и Германија воведат ограничувања за прием на мигранти, Словенија ќе го стори истото. Ова се наведува во соопштението на словенечката влада, која беше објавена само час по изјавата на австрискиот канцелар за привремено запирање на Шенген договори од страна на Австрија.

“Согласно Шенген правила Австрија може да воведе контрола на границите, ако се создала ситуација која ја загрозува безбедноста на државата. Оваа мерка, сепак треба да бидат обелоденети на сите земји – членки и на Европската комисија”, се вели во соопштението од словенечката владаското МНР.