Љубојна ги разиграа и распеаа присутните на Фестивалот на музика од светот

0
306

Љубојна и специјалниот гостин Џамбо Агушев, во Центарот за култура го отвoрија деветтото издание на Фестивалот на музика од светот. „Љубојна“ ќе промовира дел од последниот албум,  специјален гостин е Џамбо Агушев, а со нив ќе настапи и Лука Ем-Си. Љубојна е препознатлива како една од најинвентивните регионални состави која ги спојува елементите на поп, соул, денс, џез , рок и ориентална музика, создавајки единствена музичка формула која на секој албум се користи на поинаков начин. Неодамна го промовираа албумот сниман на винил , извонредно насловен како „Радио Љубојна“, кој е  верна слика за она каде се движи звукот, но и амбициите на овој бенд.
Музиката на Љубојна се опишува како експлозија на креативноста и комбинација на теми од традиционалната македонска музика. Одлична комбинација за фестивалот на музика од светот.

Концептот на фестивалот оваа година  беше насочен на музика од Балканот.

Повеќе за концертот од разговорот со Вера Милошевска Јосифовска во видеото во продолжение.