Љубојна-мелем за душата

0
477

15 години искрени емоции претворени во музика, 15 години Љубојна.

По тој повод во среда, 17-ти август, на ракометното игралиште во Битола, етно групата „Љубојна“ ќе прослави голем јубилеј, 15 години од постоењето.

За публиката ветуваат вистинско музичко доживување, а за амбиентот да биде комплетен ќе имаат и гости, а тоа се Влатко Стефановски и Џамбо Агушев.

– Битола не е случајно одбрана за одржување на нашиот голем концерт по повод 15 години од постоењето на „Љубојна“. Имам и јас многу спомени од ракометното игралиште кои го паметам најмногу по место каде што таму се одржува фестивалот „Илинденски денови“, а поради тоа ова место ќе биде овој пат наједекватно за средба со публиката, со која таа нема да биде само гостин туку и учесник на концертот, рече Вера Милошевска – Јосифовска.

Концертот е во организација на „Горила продукција“, а дел од средствата од влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за санирање на штетите од поплавата во Скопско.