Љубојна со две награди на Златна бубамара на популарноста

0
715

 

На овогодинешното издание на Златна бубамара на популарноста, групата Љубојна беа наградени за најдобар Музички видеоспот за 2015 година и Етно-група на годината.

Претходно оваа група имаа концерт во Штип каде присутните уживаа во музичките звуци на Љубојна.

Минатата година во рамките на Фестивалот на музика од светот, Љубојна го промовираа и најновиот албум, Шербет Љубојна, чиј репертоар беше претставен пред битолчани на затварањето на фестивалот Илинденски денови.

Звукот на цд-то е сладокусна мешавина на познатиот вокал на Вера, битолската чалгија и вкусот на шербетот.

После промоцијата на албумот го промовираа и видео записот за Излегов да се мамо рашетам, после кој следуваше големиот концерт во арената Борис Трајковски во Скопје.

Минатата година за Љубојна, по издавањето на осмиот студиски албум „Шербет Љубојна“ и успешниот концерт во арената „Борис Трајковски“ 2015 е една од најуспешните години.

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY