Љубојна со концерт во Грција

0
702
Љубојна и Брас фантази, учествуваа на фестивалот„Балкан фест“ што се одржува во Солун. Ова е нивно трето учество на еден значаен музички фестивал во соседна Грција, по настапите на „Балкан арт перформинг“ во 2006 година и потоа на Фестивалот на јазиците на светот во 2014.
Целта на овие фестивали покрај зближувањето на народите преку музиката, е заложбата всушност е да се понуди нова музика. 
- Ние овде споделуваме музика која би требало понатаму како порака да се шири по светот. Тоа е движечка светска музика-истакна Оливер Јосифовски. 
Нивната музкка е светско патување.
 Во меѓувреме Љубојна работат на својот нов албум  со работен наслов „Радио Љубојна“ или „Радио Баир“. Албумот е во фаза на пост-продукција.
На Балкан фест покрај Љубојна, настапија и бендовите Баилдса и Д Коконат рокерс, како и романскиот диџеј Флоријан Микута.