Љубов кон боречките вештини-40 години работа како тренер – Ѓуро Илиќ

0
1626

Битолскиот и македонски мајстор на боречките, мајстор 7-ми ДАН, Ѓуро Илиќ, одбележува оваа година посебен јубилеј – 40 години работа како тренер по џудо, аикидо и реален аикидо.

Центарот за боречки вештини (будо) „Пелистер“ е основан 1990 година, составен од ЏК .Пелистер основан 1969 година и АК. Пелистер (1987).

По овој повод беа промовирани три ДВД-а, две од реално аикидо и едно од џудо, кое, всушност, е римејк на видео касетата „Џудо спорт, самоодбрана, рекреација“, издадена 1989 година по повод 20 години од постоењето на ЏК Пелистер, а е снимана во Претор.

Покрај тоа предвидена е промоција на книга за џудо, во која се содржат техниките и практиките за полагање на појаси, поткрепена со околу 300 фотографии. Се објаснуваат техниките за полагање од почетнички појас па до масјторски 5-ти дан.

Без коментари

LEAVE A REPLY