Љубовниците и нивните проблеми

0
332

Претставата „Љубовници“ по текст и во режија на Катерина Коцевска, чија што премиера беше минатата година, гостуваше во Центарот за култура во Битола.
Станува збор за современа, урбана љубовна приказна во која главните улоги ги толкуваат Билјана Беличанец-Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов-Дац и Маја Вељковиќ-Пановска. Драмата „Љубовници“ е напишана во 2009 година. – Јас не можам да режирам ако немам ваква екипа. Пред се, јас сум актер. Секој режисер,за да направи добра претстава треба да ги послуша сугестиите од актерите. Многу идеи и решенија во претставата не се мои, туку ги донесовме заеднички – истакнува Коцевска.
„Љубовници“ не е автобиографска приказна. Ова е втор текст што го напишала Коцевска во својата кариера. Првиот бил пред многу години, исто така поставен во Драмски, но тогаш не го потпишала со свое име, туку со псевдоним, кој бил акроним од нејзиното име и презиме. Претставата е од 2007 година „Нашиот непрежален“, во која таа настапува на сцената.

За гостувањето во Битола вели дека е пресреќна заради реакциите на публиката и со задоволство гостува во овој град, каде за прв пат е во улога на режисер.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY