Лујза Винтон во посета на Сју Рајдер

0
1172

Штитениците од старскиот дом Сју Рајдер во Битола ги посети постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон во рамки на проектот од програмата за општинско корисна работа а е во соработка со општина Битола и Министерството за труд и социјална политика

lij vinton

-Целта на средбата е увид во реализацијата на проектите, изјави Лујза Винтон постојан претставник на УНДП во Македонија

Проектот е за социјално ранливата категорија на граѓани , а општина Битола во рамките на општинско корисна работа има две активности

saso

– Помош и грижа на стари лица во старскиот дом Сју Рајдер и образовна медијација за децата роми, настава која што се одвива во ОУ Ѓорѓи Сугарев, изјави Сошо Илијоски претставник од Општина Битола

 

Овој проект има и друг ефект а тоа е привремено вработување на лица кои подолго време бараат работа. Во проектот се вклучени 4 медицински сестри , 4 домаќинки и еден социјален работник.

13.08.Still001

– Задоволни сме од соработката се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со вакви слични прокти. Проектот е финансиран од УНДП, изјави Марица Тодоровска директор на Сју Рајдер

Претходно Винтон ја посети месна заедница Таки Даскало каде што се наоѓа Цнтарот за ран детски развој.