Лукас Маскиано гостува во Милениум

0
422

Љубителите на шпанскиот ритам ќе имаат ретка можност да уживаат во настапот на шпанскиот музичар Лукас Маскиано, овој викенд во кафе бар Милениум.

Посетителите на овој концерт ќе уживаат во танго ритми и мелодични латино песни .

Со потекло од Аргентина, Лукас започнува да свири гитара на 8 годишна возраст кај Марчело Мауро.

Во 1995 после несреќата во која за малку ќе го загубел животот, тој одлулчува дека со музика ќе се занимава професионално и дека музката е негов животен избор. После тоа го објавува албумот Моите песни.

Со издавање на албуми продолжи и додека студираше во Буенос Аирес, каде студирал пеење, пиано и гитара.

По преселувањето во Барселона, се сретнува со Дејвид Отеро, на кој му ги дава да ги слушне неговите демо песни.

По неколку месеци потпишува договор во Шпанија за компанијата Filmax Music за три албуми.

Првиот албум беше To hell with everything, со кој Лукас имаше промотивна турнеја и концерти во текот на целата година во Шпанија.

За 4 -тиот сингл од албумот Reasons Your Locas, снимен со Дејвид Отеро сними видео запис во Зарагоза.

Позади себе има 8 албуми, меѓу кои и најпознатиот-Од Париз до Трансилванија.

Неговата кариера ја одбележуваат концертните настапи низ Европа, латинска Америка и Индија.

Вториот албум со наслов Muddled го снима со Панчо Варона и Џосе Ромеро.

Во 2008 тата година го снима албумот со Асулум рекордс, насловен

All right. Во 2011- тата го издава двд изданието со неговиот бенд, а на кој има соработки со Дејвид Отеро, Шуарма, Панчо Варона, Ребека Јименез и други.