Луксембург ни потврди дека за фудбал не не бива!

0
1188

Луксембург – Македонија 1:0 (0:0)

Стадион „Жози Бортел„ – Луксембург сити Гледачи: 1675
Гчлавен судија: Ли Еванс
Асистенти: Филип Томас и Кинг Едвард (сите од Велс)
Стрелeц: Тил 92 минута за Луксембург
Жолти картони: Мартинс (Луксембург), Жута, Ристовски, Абдурахими, Ристевски (Македонија)
Црвени картон: нема

Луксембург:
Жуберт, Шанот, Делагадо, Филипс, Герсон, Мартинс (од 71м.Тил.), Де Мота, Пајал, Јоаким, Џанс, Девил (од 64м. Бенси).

Македонија:
Пачовски, Мојсов (од 37м.Ристевски), Шиков, Трајковски (од 74м.Илијоски), Ибраими (од 80м.Ашковски), Ристовски, Глигоров, Петровиќ, Жута, Абдурахими, Ивановски.

Македонската фудбалска репрезентација и по пет години не успее да забележи победа на гостински терен на официјален квалификациски меч.„Рисовите„ се враќаат со наведнати глави од Луксембург кој славеше минимално со 1:0 со погодок во судиското надолоплување. Промашениот пенал на Абдурахими во 85 минута ни се врати како бумеранг во дополнителното време, кога домаќините по нашата грешка во одбраната успеаа да дојдат до победничкиот погодок. Слабата партија на репрезентативците видливо го изнервира селекторот Друловиќ кој очигледно ќе има многу макотрпна работа да го пронајде вистинскиот пат за посакуваниот успех. Веќе во втоrник во Скопје, Mакедонија ќе биде домаќин на фаворизираната Шпанија, која е актуелен европски првак.