Луксузниот насилник правен за кралеви

0
249

Француската марка Фасел низ 50-тите години била позната по своите елегантни и брзи автомобили за долги патувања, особено меѓу богатите Европејци.

Сајтот Петролишс успеал да „ископа” прекрасен фасел вега фасел 2 преполн со исклучителни дизајнерски детали и V8 мотор на Крајслер под хаубата. Од авионските прекинувачи на средишната конзола па сѐ до огромната шофершајбна, француската компанија знаела како да создаде луксузен и привлечен ентериер во своите автомобили.

Произведен во серија од само 180 примероци, фасел 2 е исклучително редок и ценет класичен автомобил, а негови сопственици биле славни личности и кралеви.

Ринго Стар, Ава Гарднер, Дин Мартин и Стирлинг Мос биле само неколку славни сопственици на модели на Фасел пред француската компанија да банкротира во 1964 година.

Без коментари

LEAVE A REPLY