Љупчо Петровски мајстор на аматерскиот филм

0
2159

Љупчо Петровски го доби највисокото признание во доменот на аматерскиот непроферсионален филм , мајстор на аматерскиот филм. Ова е прво признание доделено кое што се доделува во скалата на признанија во Националната асоцијација на непрофесионален филм. Петровски ќе рече „Аматер е вљубеник во филмот и ние сето ова го работиме со љубов “

-Член сум на клубот од 2001 година, а награди почнав да освојувам од 2005 година. Сум направил преку 40 аматерски филмови, и љубовта кон филмот ми ја донесе токму оваа награда, изјави Љупчо Петровски добитник на наградата мајстор на аматерскиот филм

Ова признание го доделува Уметничкиот совет на Кино сојузот на македонија и со ова признание Петровски се верификува во светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, која што е асоцијација каде што се уредуваат вредностите. Петровски отсега ќе има право да биде член на на сите меѓународни жириа на фестивалитѕе кои што се одржуваат во рамки на УНИКА .

-Ова признание значи за сето она штто го остварил преку клубот на сите досегашни настани од 2005 година , на настапите на сите државни меѓународни и други фестивали, каде ги освојувал највисоките признанија, со кој признанија се закитил во изминатиот период, и собирајќи ги неговите поени и бодови , тој достигна да го добие ова признание, изјави Стефан Хаџи Антоновски, претседател на Кино клубот

На денешната прес конфесренција претседателот на Кино клубот Милтон Манаки ги соопшти постигнатите резултати на клубот

Во моментот клубот е насочен кон активностите за фестивалот камера 300, за кој што биле изработени флаери и биле испратени до сите автори во земјата и странство, и до сите асоцијации регистрирани во УНИКА. Хаџи Антоновски информираше дека за прв пат Македонија годинава ќе има свој претставник во бордот на претседатели на УНИКА, кој што ќе го претстави фестивалот камера 300 и Кино Сојузот на Македонија