Лустерот на Офицерски дом уништен

0
3209

Оваа фотографија е направена ден после земјотресот во Скопје 1963тата, кога гламурозниот лустер во тогашниот Офицерскиот дом во Скопје, остана да виси, додека повеќето ѕидови на тој грандиозен објект беа срушени.

14017757_10153872983648106_983733206_n
Овие пак снимки се направени денес во Офицерскиот дом во Битола, објект кој беше дом цели 43 години на кристалниот лустер подарок од Скопјани за Битола и беше единствен сочуван украс на веќе руинираната зграда на Офицерски. Денес сликата е трагична. Монистата распостелени на сите страни.
Земјотресот не го уништи, но човечката негрижа 4 децении подоцна го уништи.

13912789_10210579792834806_8331641038015915042_n
На почетокот на годинава, беше направен обид Офицерскиот дом да се продаде. Таа одлука ја крена Битола на нозе, па по протестите беше стопирана продажбата. Објектот и се отстапи на Општина Битола. Вратите се заклучија нза во него да не влегуваат бездомници, друго ништо не се превзеде. Во потргата по информации што се случи со лустерот не успеавме да најдеме одговор. Се надеваме дека во експресен рок надлежните ќе превземат мерки, ако имаат намера да го зачуваат овој архитектонски бисер кој дефинитивно се распаѓа.

Кристалниот лустер Офицерскиот дом од Битола го наследи од домот во Скопје во 1973 година, десет години по земјотресот.
Седумдесет и две годишниот Будимир Костојчиновски,поранешен електроинсталатер во АРМ е битолчанецот,кој со своите две вредни раце пред цели 37 години го направи украсниот и луксузен лустер во Офицерскиот дом. Трогнат од она што се случува со еден од најубавите споменици на културата на Балканот,Костојчиновски, кого битолчани го именуваат само како Будо, ја раскажува приказната за лустерот.
„Домот беше фантазија. Нема друг збор за таа убавина. Се сеќавам како да беше сега, пролет, мај. Со војнички сандаци од скопскиот отпад во Битола стасаа еден куп монистра, кристали, фигури од стакленца. Тогашниот началник на домот на АРМ, Ристо Дамјановски, ме повика, кажа дека има делови од двата лустера од урнатиот Офицерски дом во Скопје и побара да направам нешто. Зададената задача не беше лесна. Зедов напомош неколку војничиња од гарнизонот и повеќе од еден месец, секое попладне, откако ќе завршев со работните обврски, работев на лустерот. Направивме нешто прекрасно. Никого не оставивме рамнодушен иако лустерот не беше сосема ист како оној во Скопје“, раскажува мајстор Будо.
Секој кристал, стакленце и монистра Будо грижливо ги запишувал во тетратка. За еден ден да се знае колку е неговата тежина, колку делови се споиле, колку светилки засветиле. За жал, и од тоа останало само разочарување. „Сите белешки што грижливо ги нотирав исчезнаа исто
како и неискористените делови од двата скопски лустера. Направив и свеќници од истите кристали и стакленца за да ги красат салите и ходниците во домот.
Ама и нив ги снема. Од раскошот и од убавината останаа само спомените. Од сето тоа се сеќавам дека само лустерот тежеше некаде околу 700 килограми“, се потсетува Будо.