Magic food -вистинска магија во храната

0
1368

15 години магија во храната- ова е приказната за Magic food во срцето на Широк Сокак.

На нивното мени ќе најдете вкусна храна, која го задоволува префинетиот вкус на гурманите.

Утрото започнува со добро топло кафе, денот продолжува со највкусните пици и разновидни специјалитети. Во Magic food ќе ве привлече убавата атмосфера, вкусната храна и одлична услуга.

Од вештите раце на пица мајсторите ќе ги вкусите најубавите пици, сендвичи и други специјалитети од богатото мени. Тука се единствениот по вкус печен сендвич, многу видови на пици со магичен вкус, познатиот Big chiken, магични бургери, палачинки и многу други магично вкусни јадења.

Нивни приоритет е да го подобрат и прошират асортиманот и да имаат задоволни гости кои секогаш ќе можат да уживаат во нивните специјалитети и амбиент. Покрај вкусната храна тука има и голем избор на безалкохолни, алкохолни пијалоци и вина со врвен квалитет.

Понесете со себе добро расположение и препуштете се на уживањето во прекрасниот амбиент во Magic food.

Вкусете ја храната од нивното мени и уверете се зошто се најдобри. Овој ресторан се наоѓа под Камен мост, на најамбиенталната улица Широк сокак која придонесува во комплетната магија на Magic food.

Без коментари