Магично и неповторливо-Пројчевски по премиерата во Глоуб театарот

0
279

 

Актерот на Народниот театар-Битола Никола Пројчевски, настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон и по Огнен Дранговски, е вториот македонски актер кој настапил во Шекспировиот театар, во претстава продукција токму на Глоуб.
Претставата во режија на Бил Бaкхарст и Раз Шау, беше изведена во овој театар два пати.
Во истата играа 21 професионален актер од САД, Канада,Австралија, Нов Зеланд, Пакистан, Јужна Кореја, Италија,Франција, Сингапур, Бразил, Мексико и Македонија.

image

-Шекспировиот Глоуб театар е магично место, затоа што со реизградбата се враќа во суштина и духот на луѓето и времето на Шекспир.Таа магична сцена е големото дрвено “О”како што го нарекуваат, под отворено небо, каде актерите и публиката стануваат едно.

image

-Магично, волшебно, неповторливо-со овие зборови Пројчевски во интервјуто преку социјалните мрежи за Тера телевизија, ни го опиша чувството од играњето претстава на шекспировата театарска сцена.

Помеѓу присутните на премиерата, биле и дел од актерите на Глоуб театарот.
Претставата која е компилација на текстови на Шекспир, содржи посебно обработени кореографии од професионални кореографи кои работеле и на други претстави во Глоуб. Музиката е на Тајо Акинболде,исто така соработник во повеќе претстави на овој театар.
Да се потсетиме, Пројчевски беше избран
во конкуренција на 1.800 актери од цел свет да настапи во најновиот театарски проект на „Глоуб“.
Своите впечатоци веднаш по враќањето во Битола, Никола ќе ги пренесе во интервју за Тера телевизија, а на крај додаде:
-Верувам во успешен континуитет на македонските актери на светски познатата сцена и театар во Лондон.

Без коментари

LEAVE A REPLY