Магијата на фадо музиката во Битола со Тереза Салгуеро

0
307

Португалската ѕвезда Тереза Салгуеро го отвори 8 – то издание на Фестивалот на музика од светот. По Наташа Атлас, Ришард Галијано и Раби Абу Калил, публиката во Центарот за култура доби уште концерт за паметење, уште едно автентично и единствено музичко патување исполнето со магијата на гласот на Салгуеро.

Одбележувањето на кариерата од 30 години на музичка сцена, Салгуеро го поврза и со Битола, што е едно големо признание за Фестивалот на музика од светот.

Таа настапувала со групата „Мадредеуш“, соработувала со познатиот композитор Збигњев Прајснер, соработувала и со Хозе Карерас, настапувала низ цел свет. По втор пат е во Македонија, а за прв пат во Битола.

Позната и по улогата во филмот на Вим Вендерс „Лисабонска приказна“, овој пат го промовираше својот последен албум „O Horizonte“, кој излезе пред еден месец,

албум за човековите соништа.

Албумот е работен во период од 4 години, а во меѓувреме се одвивала светската турнеја за промоција на албумот Мистерија.

– Освен тоа се случија промени со членовите на бендот, но на крај сите тие промени имаа смисла и се си дојде на свое место – истакна Салгуеро и додаде – Овој вид на фестивали се одлична можност луѓето да се сретнат и запознаат меѓу себе, да споделат искуства, да ги презентираат своите култури.

Концертот беше исполнет со песни полни со елегични чувства за бегалците , природата, животот . Салгуеро ја водеше публиката во Центарот за култура на музичкото патување низ фадо музиката на Португалија, магијата на традиционалната португалска музика.

Без коментари

LEAVE A REPLY