Магла низ државата, во Битола сончево

0
443

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Намалена видливост поради појава на  магла до 50 метри има на патните правци Велес – Катланово и  Катланово – Велес, до 100 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје, Куманово – Скопје, Велес – Штип и планинскиот премин Стража, од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Скопје.