Маглата откажа и пренасочи голем број летови од скопскиот аеродром

0
382

Густата магла што надвиснува над скопската котлина оневозможува нормално функционирање на авионскиот сообраќај, па уште од ноќеска голем број летови се пренасочуваат или откажуваат од аеродромот „Александар Велики“.

Според информациите од аеродромот, откажани се полетувањата до Рим и Истамбул, а пренасочени кон охридскиот и приштинскиот аеродром се летовите за Дортмунд, Франкфурт и Париз. Истовремено, пренасочени се и слетувањата од Малме и Истамбул.