Маја Стојановска настапи на Интерфест Битола

0
473

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжи со концерт што го приреди пијанистката Маја Стојановска.

Битолчанката Маја Стојановска е професор по пијано во Лисабон и на „Интерфест“ настапувала многу пати. Годинава пијанистката Стојановска приреди концерт од делата на Фрагосо, Моцарт, Шопен, Зографски, Дебиси, Коларовски и други.
Инаку Стојановска е лауреат на првиот Интерфест Битола, интернационален пијано натпревар.
Добитник е на многубројни награди и признанија а покрај концертите во Македонија, таа настапува како солист во Турција, Франција, Србија, Хрватска, Словенија, Белгија.
Во Португалија настапува како солист и како камерен музичар, а покрај делата од светското музичко наследство, таа ги изведува и композициите од Властимир Николовски, Томислав Зографски, Гоце Коларовски, со што придонесува за презентацијата на македонското музичко творештво во Португалија.