Мајк Помпео: Нема неминовна закана за нуклеарна војна

0
311

Не постои неминовна закана за нуклеарна војна со Северна Кореја, вели највисокиот американски разузнавачки службеник, во моменти на растечки тензии меѓу двете земји.

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, предупредува дека Пјонгјанг се движи со “секогаш алармантна стапка” на својата програма за оружје и дека друг ракетен тест, воопшто нема да биде изненадувачки. Но, тој предупреди дека “стратегиското трпение” на Вашингтон е завршено.

Двете страни користеа непријателска реторика изминатиот период, претседателот Доналд Трамп ѝ се закани со “оган и бес” на Северна Кореја.

Помпео рече дека е “сосема сигурен” дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун “ќе продолжи да ја развива” програмата за оружје на земјата.

Кога беше запрашан за тоа колку „близок“ бил обидот на Пјонгјанг во распоредувањето нуклеарно оружје кое би можело да ги погоди САД, тој рече: “Тие се поблиску”.

http://makfax.com.mk

Без коментари