Мајка и бебе преживеаја пад на мал авион

0
157

Млада мајка и нејзиното бебе се најдени живи пет дена по авионска несреќа во џунглата на западна Колумбија.

Колумбискиот шеф на цивилна воздушна пловидба вели дека тоа е чудо.

Осумнаесетгодишната Марија Нели Муриљо и нејзиниот едногодишен син се најдени од спасувачите во близина на падот на авионот од марката „Цесна“, во провинцијата Чоко.

Мајката имала мали повреди и изгореници, додека бебето е во добра здравствена состојба.

Авионот со двоен мотор летал од Кибдо, главниот град на провинцијата Чоко, во градот Нуки, на пацифичкиот брег, кога се урнал во близина на Алто Баудо, во саботата. Причината за несреќата се уште не е позната.

Спасувачите стигнале до авионот во понеделникот, и го нашле пилотот во кабината мртов.

Но, вратите на авионот биле отворени и Муриљо и нејзиното бебе, Јудиер Морено, не биле таму.

Тим од 14 луѓе го пребарувале теренот три дена, пред да ги најдат.

„Ова е чудо. Ова е многу дива околина, а несреќата е катастрофална“, вели полковникот Хектор Караскал од воздушните сили на Колумбија за AFP.

За бебето вели дека нескршливиот дух на мајката најверојатно му дала сила да издржи.
Тие биле качени во авионот од болницата во Кибдо.