Мајка си го фрлила детето од 4 кат, а по еден час и таа скокнала

0
808

Денеска околу 9.05 часот 35-годишната мајка од скопската населба Хиподром почнала да се заканува дека ќе се фрли од тераса од 4-тиот кат и дека ќе го фрли и своето дете, информираат од МВР.

Таа својот шетгодишен син го фрлила во 9.30 часот. Падот на детето бил ублажен од жиците за сушење алишта од подолните катови. Според полицијата во 10.20 се фрлила и жената.

И мајката и детето се пренесени во Ургентниот центар и се наоѓаат во тешка состојба.

Од Ургентен за Телма велат дека состојбата на двајцата е сериозна и дека се во тек дијагностички испитувања.

Настанот се случил на улица Пехчевска во населбата Хиподром.