Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица на 15 март

0
423

Следниот вторник на 15 март, Папата Франциск ќе го потпише декретот за канонизација на Мајка Тереза и ќе го објави официјалниот датум за прогласување на светица, пишува „Религија.мк“.

Во истиот ден Франциск ќе потпише декрет и за канонизација на младиот маченик Јоже Санчез Дел Рија, убиен во Мексико во 1928 година, чиј гроб неодамна при посетата во Латинска Америка го посетил папата Франциск.

Римокатоличката црква ќе прогласи и уште тројца светци, еден од Аргентина, еден од Поласка и Марија Елизабета Хеселблад, основачка на редот пресвети спасители на света Бригита.