Мајмунчето Лука цел на крадци со длабоко криминално досие

0
298

Осомничените и од порано и биле познати на полицијата. Најпрво кружеше приказната дека 26-годишната Ивана П.А. од Кавадарци го украла Лука за да ја смири ќерка си, за да не плаче, потоа се „дозачини“ случајот со нејзината изјава дека мајмунчето е подарок за нејзиното глувонемо синче , па денеска се појавија информации дека таа претходно веќе имале две кражби.

За нејзиниот 31-годишен пријател и соучесник во кражбата, пак, за кој многу медиуми пренесоа и дека и бил и свршеник, денеска излегоа информации дека зад себа имал над 30 кривични дела. Зад името на Спасе Н. од Ваташа се врзуваат повеќе тешки кражби, а во полиција бил пријавуван и за кражби на автомобили, упад во компјутерски систем и за дрога.

Двајцата крадци беа фатени во Кавадарци, а предметот ќе го води скопската полиција, бидејќи е извршена во главниот град, додека кавадаречките чувари на законот прибираат информации за делото.

Се уште не се знае како стражарската служба во ЗОО Скопје затаила толку лесно, па во 17,30 часот, кога е уште дење, крадците успеале да извадат животно од затворен кафез и да ја напуштат Градината.

Во ЗОО Скопје постојат повеќе камери, со нејзиното заживување се осовремени и безбедносниот систем, но уникатниот случај дополнително остава простор за дискусија околу механизмот на управата на Градината за справување со потенцијални крадци на животни.

Филмската приказна за „подарокот“ на девојчето што потоа стана глувонемо машко дете одекна низ печатените и електронски медиуми, низ целата македонска јавност воопшто. Многумина веќе сметаат дека мајмунчето Лука беше цел на организирани крадци, извор на пари, а приказната за мајката што му оствари необична желба на детето, за која известуваа и соседните држави, е предобра да биде вистинита.

http://www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY