Мајнц го испрати Новески во легендите, битолчанецот не ги скри солзите

0
200

Македонскиот фудбалер, битолчанецот Николче Новески со победа и солзи во очите се прости од Мајнц. На последниот меч на домашен терен оваа сезона Мајнц славеше со 2:0 над Келн, а навивачите го испратија нашиот дефанзивец како вистинска легенда. Новески на овој меч одигра 88 минути, а за време на натпреварот навивачите му посветија парола на која стоеше „11 години, 345 натпревари,13 гола, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во европските купови. Благодариме за сѐ, Николче Новески”.

noveski_44.jpg

Исто така, кога го напушташе теренот од трибините грмеше „Новески, Новески”, што предизвика огромни емоции кај нашиот дефанзивец. Инаку, првиот погодок на средбата за Мајнц го постигна Ко Ја-Чеол кој стрелаше во 47 минута, додека триумфот го потврди Самперио во 83 минута. Во редовите на Мајнц, Новески настапуваше од 2004 година и во клубот стекна респектабилен статус. Во последното коло во Бундеслигата оваа сезона Мајнц гостува кај Баерн од Минхен.