Мак баскеташите на евро-шампионатот во Минск

0
275

Македонската баскет репрезентација во натпреварите „три на три“ за играчи до 18 години е победник на квалификацискиот турнир кој се одржа викендов во Амстердам. Во големото финале нашиот баскет тим ја совлада Литванија со 16:12 и како најдобра селекција на овој турнир обезбеди учество на ЕП во Белорусија кое ќе се одржи следниот месец. Во четвртфиналето и полуфиналето нашите баскетчии беа подобри од Германија и Белгија. Нашата селекција ја сочинуваа Елвис Хот, Борис Вчков, Блажо Митков и Драган Узуноски, а ги предводеше Абдураим Бајрактар. Евро шампионатот ќе се одржи во Минск Белорусија ќе одржи од 21-ви до 23-ти август.